1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мадона побара слобода за музичарките од Пуси Рајот

Во процесот против трите музичарки од бендот Пуси Рајот денеска треба да бидат оддржани завршните зборови пред судот во Москва. Поп ѕвездада Мадона побара ослободување на руските панк музичарки.

Во судот во Москва денеска треба да се оддржат завршните пледоаеја во процесот против трите членки на панк бендот Пуси Рајот. Постои можност судот веќе и да ја изрече пресудата против трите жени на возраст од 22 до 29 години. Државното обвинителство побара три годишни затворски казни поради непочитување на општествените норми и поттикнување верска омраза. Со протестот против рускиот претседател Владимир Путин во московската катедрала тие ги повредиле чувствата на верниците, смета обвинителството. Одбраната бара ослободителна пресуда.

Deutschland USA Musik Madonna in Köln

Мадона бара слобода за девојките од Пуси Рајот

Американската поп ѕвезда Мадона се заложи за ослободување на трите руски музичарки. Уште при пристигнувањето на московскиот аеродром таа побара благост за музичарките. „Тие го заслужуваат правото да бидат слободни“, извика потоа Мадона пред нејзините фанови на концертот во Москва. „Се молам за вашата слобода“, дополни Мадона. Поп ѕвездата денеска треба да настапи во Санкт Петерзбург, а поддржувачите на руската православна црква побараа од властите да го откажат концертот на Мадона.

Арија Алјокина (24), Надежда Толоконикова (22) и Екатерина Самучевич (29) пред олтарот на главната московска катедрала, на 21. февруари ја изведоа својата „панк молитва“, повикувајќи ја Богородица да го отстрани Владимир Путин од Русија.