1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

МААЕ: Иран ја забрзува атомската програма

И покрај меѓународната критика, Иран продолжува со облагородување ураниум. Во најновиот извештај на МААЕ се вели дека земјата ги зголемила тројно своите капацитети за облагородување ураниум.

Техеран сега произведува околу 14 килограми облагороден ураниум (на 20 проценти) месечно. Облагородување на 20 проценти е важен чекор кон подоцнежно облагородување на 90 проценти, неопходно за атомска бомба. Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано во новиот извештај повторува дека агенцијата е сериозно загрижена поради можната воена димензија на иранската атомска програма. Иран соопшти дека е подготвен на натамошна соработка со МААЕ за да докаже дека атомската програма има мирновременски карактер.

Американската влада по објавувањето на новиот извештај на МААЕ изрази загриженост и соопшти дека извештајот покажува оти Иран ги прекршува резолуциите на ОН. И Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон искажа загриженост. Земјата мора да придонесе за расчистување на сомнежите, нагласи таа.

Автор: ЕМФ/ртр/дв

Редактор: Александар Методијев