1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Луѓе кои загубиле се‘, без своја вина

Милиони луѓе во светот живеат како бегалци поради насилство или сиромаштија во нивните татковини. По повод Светскиот ден на бегалците, Високиот комесар на ОН, Антонио Гутереш, повикува на поголем ангажман за овие луѓе.

default

Курди, бегалци од Ирак

И оваа година, холивудската актерка Анџелина Џоли во спотот на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации - УНХЦР, се залага да се обрне внимание на бегалците, луѓе без татковина, чиј број во светот изнесува 42 милиони. Повод е Светскиот ден на бегалците (20.06.2009). Според статистиката на УНХЦР за бегалци за 2008 година, објавена неодамна, речиси две третини од овие луѓе живеат како бегалци во својата земја. Останатите, околу 10,5 милиони, бараат азил во други земји. Овој број е помал за еден милион во споредба со претходната година, но извештајот ги опфаќа само податоците за 2008 година. Оттогаш има нови масовни движења на бегалци, пред се‘ во Пакистан, Шри Ланка и Сомалија, вели Високиот комесар за бегалци, Антонио Гутереш. Светскиот ден на бегалците е повод за да се укаже посебно на нивната судбина: „Бегалците не се безлични статистички податоци. Тие имаат се‘ загубено, не по своја вина. Секој поединечно има своја приказна“, вели Гутереш.

Осумдесет проценти од бегалците наоѓаат прибежиште во земјите во развој. Повеќето таму остануваат подолго време без изгледи за враќање дома. Речиси шест милиони луѓе живеат во егзил 5 години или подолго. Приливите на бегалци често ги преоптоваруваат земјите кои ги прифаќаат бегалците, објаснува Антонио Гутереш: „Во Камерун, на пример, стапката на смртност на деца-бегалци од Централна Африка е седум пати повисока од просечната и помалку од една третина од девојчињата одат на училиште“.

Schwere Zeiten für Flüchtlinge in Italien auf Lampedusa

Илјадници луѓе стигнуваат на бреговите на Италија со чамци од Африка

Најмногу бегалци од Авганистан, а најмногу бегалци во Пакистан

Најголемиот број бегалци се Авганистанци, а потоа следуваат Ирачаните. Тие чинат 45 проценти од бегалците кои се заштитени од страна на УНХЦР. Земји со најголем прилив на бегалци се Пакистан со 1,8 милиони, Сирија со 1,1 милион и Иран со 1 милион. Во Германија, во изминатата година, имало над половина милион бегалци. „Во овие тешки времиња мораме посебно да се потрудиме да ги задоволиме основните потреби на бегалците. Разочарувачки е што често не успеваме за бегалците да ги обезбедиме најнеопходните нешта како покрив над глава, санитарни уреди, или храна и заштита од насилство“, вели Високиот комесар за бегалци.

Friedensvertrag von Dayton, zehnjähriger Jahrestag, Bosnien-Herzegowina, Kroatien, Serbien-Montenegro

Бегалци во Босна и Херцеговина

Особено критична е состојбата со внатрешно раселените лица во Колумбија. Според проценките, во Колумбија три милиони луѓе се во бегство во сопствената земја. Во суданскиот кризен регион Дарфур има 2 милиони внатрешно раселени.

Спотот со Анџелина Џоли завршува со зборовите: „Ве молиме не ги заборавајте. Сетете се на нив на овој ден: Светскиот ден на бегалците“.

Автор: Паскал Лехлер / Ана Алибегова

Редактор: Жана Ацеска




DW.COM