1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Луфтханза од утре повторно „приземјена“

Кабинскиот персонал на германскиот авиопревозник утре (04.09) ќе одржи нов штрајк поради одбивањето на Луфтханза да дозволи покачување на платите.

Синдикатот на кабинскиот персонал на германската авиокомпанија Луфтханза најави дека ќе го прошири штрајкот, кој започна минатата недела, на повеќе локации и со подолго времетраење. Во петокот (31.08) се штрајкуваше само на аеродромот во Франкфурт, но поради протестот беа откажани стотина летови, а илјадници патници мораа да бараат алтернативи. Луфтханза веќе ги предупреди патниците да очекуваат масовни одложувања и откажување на летови.

Синдикатот и раководството на авиокомпанијата преговараат веќе 13 месеци за покачување на платите на кабинскиот персонал. Синдикатот бара 5 проценти, а Луфтханза нуди 3,5 процентно зголемување.

Поврзана содржина