1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Лустриран поранешен министер за внатрешни и надворешни работи

Комисијата за верификација на факти лустрираше поранешен министер за внатрешни и надворешни работи, а сегашен професор по меѓународно право, меѓународни односи и Современи политички теории на Правниот факултет во Скопје.

Од Комисијата за верификација на фактите денеска (27.05) велат дека поранешниот министер е лустриран како наредободател, бидејќи според документите со кои располагаат, поранешниот министер за внатрешни работи ги кршел основните човекови права од идеолошки и од политички причини.

„За време на неговиот мандат како министер за внатрешни работи издавал наредби за следење лица, членови на други политички партиии или оние кои најавувале формирање на нови политички партии во Македонија“, велат од Комисијата за агенцијата Макфакс.

Осум од членовите на Комисијата биле „за“ да се лустрира поранешниот министер, додека еден член, Чедомир Дамјановски, бил „против“, бидејќи сметал дека тоа е неуставно и незаконски.

Комисијата на денешната седница лустрирала вкупно девет лица. Освен поранешниот министер, лустриран е и поранешен носител на повеќе функции, а денес професор на еден од приватните факултети. Во средината на 80-те години бил вработен во Секторот за државна безбедност бил директор на Битолски весник и претседател на Матица на иселениците. Тој, како што се вели, давал информации за лица кои дејствувале од позиција на македонски национализам и сепаратизам како во Македонија,така и во странство. Истите овие лица, според информациите од Комисијата, ги кодошел и друг поранешен носител на јавни функции, висок функционер во Комунистичката партија. Останатите шест лица се лустрирани како наредбодатели, вработени во поранешните тајни служби.