1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Лустрацијата повод за меѓусебни обвинувања на ДУИ и ДПА

Жестокиот судир во албанскиот политички блок, меѓу владејачката ДУИ и опозициската ДПА на темата лустрација, и околу тоа, кој соработувал, а кој не со пoранешните тајни служби продолжи денеска со нови контраобвинувања.

default

„Демократската партија на Албанците, и самата формирана во 90-те години од минатиот век од страна на тајните полициски служби, овие денови покрена дивјачка кампања против функционерите на ДУИ, со цел да ги дискредитира, фабрикувајќи обвиненија дека се тие, наводно, поранешни соработници на таквите полициски структури,“ рече попладнево Талат Џафери, членот на централното партиско претседателство на партијата на Али Ахмети на прес-конференцијата одржана во Тетово.

Меѓу другото, тој нагласи: „Овие фабрикувања на факти произлегуваат од кујната што е надгледана од војводата, а е поддржана од поранешните соработници на службата за државна безбедност.“

Ali Ahmeti Vorsitzender der BDI Partie DUI

Али Ахмети, претседател на ДУИ

Џафери го кажа и следното: „Кампањата која ја лансира ДПА против ОНА и ДУИ е најсилниот аргумент, дека е многу точна и вистинита изјавата на еден поранешен функционер на полицијата на Македонија, дека ДПА била формирана од страна на тајните полициски служби, со цел да бидат расцепкани Албанците. Тргнувајќи од оваа врска, докажана и јавно, Албанците воопшто не се чудат дека нивните курири можат да им служат со толкава лојалност и прецизност на своите антиалбански ментори и патрони, како што го стори тоа во средата и Шпенд Вехапи со предавањето на досиејата.“

Потсетуваме дека со трите лустрациони досиеја, кои професорот Шпенд Вехапи од Тетово пред неколку дена ги предаде во Лустрационата комисија, беа посочени имињата на тројца од ДУИ. Министерот за локална самоуправа Муса Џафери, а вчера и пратеникот Фазли Велиу, рекоа дека не биле полициски шпиони и кодоши и најавија дека ќе ангажираат адвокати, заради своја правна заштита пред домашните и меѓународни соодветни институции.

Соопштение на ДПА

Menduh Taci

Мендух Тачи, претседател на ДПА

Инаку, ДПА на 11-ти овој месец имаше објавено соопштение, со кое им порача на Али Ахмети и неговите сопартијци: „Пошироката јавност, посебно Албанците, го изразуваат нивниот револт бидејќи во Македонија не постои подготвеност еднаш засекогаш да се повлечат од политичката сцена лицата, кои биле соработници на тајните полициски служби. Комисијата за лустрација е претворена во инструмент во рацете на актуелното мнозинство ВМРО ДПМНЕ – ДУИ, користејќи го тоа заради ниски пазарења на штета на интересите на Албанците. Процесот на лустрација со ваквите поединци ќе биде спроведен докрај.“

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Александра Трајковска