1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Лулката на џезот по Катрина

Градот Њу Орлеанс пред ураганот Катрина беше единствен во светот. Особено францускиот кварт во историскиот дел на градот како пример на архитектура на градовите од југот на САД . Катрина разурна многу нешта во него но сепак не се.

default

Францускиот кварт во историскиот дел на Њу Орлеанс , остана главно неоштетен. Куќите во тој кварт , за разлика од останатите делови на градот , не се изградени на земјиште под морското ниво. И музејот на современа уметност во Њу Орлеанс остана недопрен и покрај сиот хаос кој настана за време и по ураганот Катрина. Конечно тоа е така пред се поради храбороста на некои службеници од тој музеј. Директорот на музејот Џон Булард вели:

„Шест мои луѓе изразија подготвеност да останат овде. Тие за време на ураганот дури и останаа во таа зграда стара 100 години. И кога со нив се слушнавме по телефон во понеделникот, ни рекоа дека музејот ја издржал бурата. Кровот останал неоштетен , прозорците не се искршени, а ниту подрумите во кои се наоѓаат уметничките вредности не се поплавени . за жал припадниците на националната гарда ги присилија моите луѓе да ја напуштат зградата . Оттогаш таму стражари приватна служба за безбедност , бидејќи мораме да се осигураме од можни грабежи“

Во вредностите на тој музеј се вбројуваат и сликите на Едвард Дега , кој во Њу Орлеанс живеел некое време непосредно по сецесионистичката граѓанска војна во САД.

Меѓутоа во беснеењето на ураганот лошо мина библиотеката во гратчето Билокси во државата Мисисипи , посветена на Џеферсон Дејвис , водачот на сецесионистичкото движење во јужните американски држави. Конзерваторот на музејот Кен Пул за тоа вели:

„Двата павиљона во кои се конакот и старата библиотека , целосно се разурнати . Од нив не остана ништо. Главаната зграда издржа но тешко е оштетена . за вистинско чудо , на ѕидовите висат сите портрети“

Њу Орлеанс од секогаш беше и единствен карневалски центар. Градот е познат по својата музика , по ноќните барови , клубовите , по џез сцената. Еден од најпознатите клубови во срцето на стариот град „Типтинас“ во секој случај ќе продолжи да работи:

Директорот на музичката програма на клубот Адам Снајпли вели:

„Се надевам дека бог ќе помогне карневалот Марди Грас и натаму да се одржува овде. Прашање е дали сето тоа ќе биде возможно. Се надевам дека ќе успееме да го обновиме и фестивалот на џезот. Тоа би било супер, а и добра можност за манофестации во добротворни цели. Но во моментов се работи за голо преживувањењ и отстранување на штетите . А тогаш ќе видиме како ќе одиме натаму“