1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Луксузни лимузини? Не, благодариме!

Саемот на автомобили во Детроит годинава е далеку помалку атрактивен за разлика од претходните години. Поради кризата многу фирми се откажаа од саемот, а и оние кои дојдоа се концентрирани на мали возила.

default

Фолксваген ги одушеви присутните со концептот на нов хибрид

Една од звездите на саемот е „Форд“, еден од трите големи производители кој не побара финансиска помош од државата, ни во САД, ниту во Германија. Тоа е резултат пред се’ на добрата бизнис политика. Имајќи предвид дека годинава во Детроит тежиштето на интересот е префрлено од луксузните лимузини кон автомобили од компактната и средната класа, од „Форд“ се надеваат дека најновиот модел на „Фокус“ ќе стане светски хит. Дури 80 проценти од овој тип автомобили ќе бидат идентични, без разлика каде во светот ќе наидете на нив.

Џо Хајнрикс, раководителот на „Форд“ за Африка и Азија објаснува дека новата стратегија се должи на очекувањата на купувачите новите автомобили да бидат поштедливи и да емитуваат помали количества јаглерод диоксид во атмосферата. Освен тоа, важно е што претставите на Кинезите, Европејците и Американците за големината на автомобилот се се’ поблиски.

Тесла ги одушеви сите

Што се однесува до модерите побарувања и компактните автомобили, големо внимание на саемот привлекува новиот хибрид на Тојота, кој ќе биде нешто помал од светски познатиот „Приус“, но истовремено ќе биде и поевтин и поштедлив. Воопшто, автомобилите на

BdT 18.02.09 Mini E Elektroauto von BMW

„Тесла“ со едно полнење на акумулаторот вози 350 километри

електричен погон се главен хит во Детроит, а некои фирми се обидоа да покажат на дело што се можат електричните мотори, на пример: „Тесла“. И не случајно околу моделот на „Тесла“ наречен „Модел Ес“ новинарите се собираат како околу ново светско чудо, што го одушеви и директорот на оваа калифорниска компанија, Елон Маск.

Дострелот на спортскиот двосед на „Тесла“ со само едно полнење на акумулаторот изнесува дури 350 километри. Оваа американска компанија добива поддршка и од „Мерцедес“, кој поседува 10 отсто од нејзиниот капитал. Планот е производството во иднина да се прошири и на семејни возила, и во наредните 4-5 години тоа да достигне 200 илјади возила годишно.

Крајслер не се откажува од своите „грдосии“

Сепак, присуството на малите, штедливи автомобили не значи и дека на саемот во Детроит големите потрошувачи на бензин беа испратени на отпад. Напротив.

Монструозните камионети на „Крајслер“ од серијата „Рам“ се застапени во полн сјај. Сепак, нивната потрошувачка е релативно намалена и сега изнесува поприфатливи 12 литри на 100 километри. Според главниот инженер на Крајслер, Мајкл Кернс, ваквите возила се‘ уште се најдобрата понуда на фирмата, а планираат така да продолжат и во иднина.

Flash-Galerie Detroit Auto Show

Американците не се откажуваат од своите луксузни „грдосии“

Германските произведувачи на саемот понудија различни концепти на возила, од елитистички бензински модели до возбудливи прототипови. За многумина, изненадување беше моделот на Фолксваген „ЕнЦеЦе“, со хибриден мотор, кој постигнува 100 километри на час за само 8,6 секунди, и постигнува максимална брзина од 227 километри на час, а притоа троши само 4,2 литри гориво во просек. Но, за жал, „ЕнЦеЦе“ сеуште е само во фазата на прототип и нема прецизни најави кога и дали ќе се појави на пазарот.

Автор: Кристина Бергман / Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска