1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Луксембург на референдум за ЕУ-уставот

Жан Клод Јункер

Жан Клод Јункер

Во Луксембург денеска се одржува со многу тензија очекуваниот референдум околу европскиот устав. 220 илјади луѓе со право на глас треба да го кажат своето за судбината на документот, кој веќе го отфрлија граѓаните на Франција и Холандија. Набљудувачите очекуваат тесен резултат. Така барем укажуваат анкетите спроведени непосредно пред гласањето. Доколку Луксембург му рече НЕ на уставот, тогаш неговата судбина навистина виси на конец. Премиерот на Луксембург ја поврза и својата лична судбина со исходот од референдумот – ако тој заврши со НЕ, тогаш Жан Клод Јункер се повлекува од функцијата.

Инаку, европскиот устав е веќе ратификуван во Литванија, Унгарија, Словенија, Италија, Грција, Словачка, Австрија, Летонија, Кипар и Малта. Во Шпанија за текстот се изјаснија и двата дома на парламентот и граѓаните. Во Германија процесот на ратификација е под мраз. Бундестагот и Бундесратот му дадоа виза, а претседателот Хорст Келер чека резултат од процесот во кој е поднесена тужба во врска со текстот пред уставниот суд.