1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Луксембург и Сибиу главни градови на културата во Европа

Главен град на културата во Европа , станува збор за титула со голем престиж . Но покрај големата чест , таа носи и богати донации од Брисел

default

Идејата за главен град на културата е родена во 1985 година а ја иницираше тогашната министерка за култура на Грција Мелина Меркури. Во 2000 таа привилегија ја уживеаа дури девет градови од тогаш наваму , ласкавата титула кја носат само еден до два града годишно. Титулата на европски главен град на културата е многу омилена , бидејќи освен престиж донесува и многу пари од Брисел. Со нив избраните градови можат да ги обноват своите центри и да финансираат опсежни проекти и културни програми . Министрите за Култура на ЕУ во 2004-та година одлучија дека од 2009-та , ќе се избираат по два главни града на културата годишно . Но таа идеја беше спроведена во дело веќе оваа година , со изборот на Луксембург како претставник на старите и романскиот град Сибиу како претставник на новите земји членки . Врските меѓу тие два града задираат длабоко во минатато – објаснува градоначалникот на Сибиу, Клаус Јоханис:

“ Познато е дека голем број германски доселеници кои во 11 и 12 век дојдоа во Трансилванија , потекнувале токму од регионот на Луксембург , така што меѓу тие два града постои историска врска , која , што е многу интересно , може да се утврди преку два дијалекти кои звучат многу слично”

Денес во Сибиу од вкупно 170 илјади жители, 2 проценти се од германско потекло , но многу романски деца посетуваат германски училишта а германските театарски претстави се многу популарни.

Доколку некоја земја сака да предложи некој нејзин град за европски главен град на културата , мора да испрати соодветна пријава во Брисле . Една независна меѓународна комисија потоа ги разгледува кандидатурите и донесува одлука четири години однапред .

Жирито се состои од двајца членови на Европскиот парламент , двајца членови на Европската комисија и еден член на Одборот на регионите. Жирито потоа дава препорака и Европската комисија потоа во рок од три месеци треба да донесе одлука , која потоа се дава на гласање во Советот на ЕУ.

За жирито заедничката пријава на Луксембург и Сибиу беше многу занимлив источно-западен експеримент: луксембуршкото министерство , имено од 1998 година ја помага реставрацијата на стариот град во Сибиу. Анер Шилц е задолжена за соработката меѓу Луксембург и Романија :

“ Планирани се 30 проекти меѓу Луксембург и Сибиу : музички , танцови проекти , потоа цела низа проекти за млади. Ми паѓа на пример на памет филмот кој беше реализиран преку соработката на две гимназии од Луксембург и Сибиу. Тоа сигурно ќе биде занимливо”

Сибиу на првиот ден од новата година со низа културни манифестации го одбележа официјалниот почеток на својата титула “главен град на културата во Европа” . Таму беше одржана централната свеченост за влезот на Романија во Европската Унија.

Луксембург , пак веќе во средината на декември со голем огномет , концерти и уличен спектакл го прослави почетокот на годината со почесната титула. Луксембург имаше можност во 1995 година истотака да ја дели оваа титула со соседните германски покраини , Рајнланд Пфалц и Заарлан, како и со францускиот Лотринген и белгиската Валонија . Оваа година во Луксембург се подготвуваат 450 , танцови , театарски и уметнички проекти од кои една третина опфаќаат вонгранична соработка – објаснува министерката за култура Октави Модер:

“ Со сите тие региони ние живееме секојдневно и сакаме да живееме со нив. Поради тоа скаме да ги поттикнуваме тие средби и да ги подржуваме”