1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лукашенко го отпушти министерот за надворешни работи

Белорускиот претседател Александер Лукашенко го отпушти министерот за надворешни работи Сергеј Мартинов беа да наведе причини за тоа.

Сергеј Мартинов е преместен „на друго работно место“, соопшти Кабинетот на претседателот денеска (20.08) во Минск. Следбеник на Мартинов е досегашниот шеф на кабинетот на претседателот, Владимир Макеј. Се претпоставува дека смената е поврзана со таканаречeната афера „Мече“, којa се однесува на една акција на шведски борци за човекови права.

Teddybären

Мечињата со протестни пораки паднаа на белоруска територија во јули

Мал шведски авион, имено, во текот на месецот јули, од Литванија ја надлета границата со Белорусија и исфрли стотици мечиња играчки на мали падобрани. Мечињата носеа протестни текстови околу состојбата со човековите права во поранешната советска република. Оттогаш односите на Белорусија и Шведска се исклучително тензични. Белоруската влада на почетокот на август ги протера сите шведски дипломати и нареди затворање на својата амбасада во Стокхолм.

Шведската влада е еден од најголемите критичари на Лукашенко, кој во Белорусија владее авторитарно веќе 18 години.