1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Лудориите на Пипи долгиот чорап и’ ги должиме на Астрид Линдгрен

Пипи долгиот чорап е само еден од јунаците на кои писателката Астрид Линдгрен им подари живот. На денешен ден пред десет години почина авторката на книги за деца и млади, која се’ уште не е заборавена.

default

Пипи долгиот чорап

„Ти благодариме Астрид, ти благодариме за се’ што ни подари. Беше најчитаниот шведски автор и најомилена писателка. Како малкумина ги гледаше децата - во нивните страдања, нивната сила и нивната целосна вредност. На милиони деца ширум светот им подари еден глас“, ова беа зборовите на шведскиот премиер Горан Персон по повод смртта на Астрид Линдгрен. Денес, по десет години авторката на книги за деца и млади се’ уште е силно присутна во секојдневието во Шведска.

Astrid Lindgren

Шведската писателка Астрид Линдгрен

Уште кога се одбележуваше 100 годишнината од нејзиниот роденден во 2007 година постоеше идеја нејзиниот стан во Стокхолм да се претвори во музеј. До денес идејата не е реализирана, но нејзиното семјество се’ уште се залага за тоа. Имено токму во нејзниот стан таа ги напиша најголемиот дел од книгите, вели ќерката на големата писателка Ингрид Ниман. Впрочем наспроти нејзините јунаци од романите Астрид Линднгрен не радо го напуштала својот дом.

„Се’уште јасно ја гледам пред мене како седи во ходникот, како седи на трпезариската маса, наутро, за време на ручек и навечер. Вообичаено лежеше на креветот и ги пишуваше нејзините книги.“

Колку е ценета Астрид Линдгрен во Шведска доаѓа до израз секоја година, која се доделува наградата за детски книги именувана по нејзе. Наградата ја доделува владата и со 545.000 евра е највисоко дотирана награда за литература за деца и млади во светот. За толку многу пари дури и легендарната Пипи долгиот чорап ќе мораше длабоко да го отвори својот златен куфер.

Автор: Албрехт Брајтшу/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски