1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Луди забави наместо скијање во Зауерланд

Снежните падини во германската област Зауерланд долги години ги привлекуваат љубителите на скијањето. Но последниве години, тамошните колиби и пивници станаа популарно собиралиште и за љубителите на добрата забава

Местото Етелсберг во областа Зауерланд станува познато по лудите забави. Апре-ски се нарекува ова задоволство. Забави во зимски центри.

Колибата Зигис е на надморска височина од 830 метри. Илјадници луѓе доаѓаат секој викенд на луд провод.

„Во Вилинген секогаш е Рокенрол“.

„Ракијата е супер, пивото е супер, атмосферата е супер, тоа е најважно“, задоволни се овие двајца посетители.

Веќе до пладне планинската колиба е преполна. Атмосферата е опуштена. Насекаде се танцува. Овој вид парти-туризам е важен извор на приходи на планината. На голема радост на Јирген фон дер Хејде, кој веќе 20 години е зад шанкот.

„Тука имаме една предност, а тоа е што доаѓаат одлично расположени гости. Тие доаѓаат тука да слават, а не да прават некаков театар. Тие се расположени, се забавуваат и затоа и ние одлично се забавуваме“, вели келнерот Јирген фон дер Хејде.

Забавата трае до 17 часот. Тогаш заминува последната жичница. На некои гости Јирген тоа мора често да им го повторува: „За десет минути е последната жичница. Сега сериозно. И за тебе важи, ако сакаш да заминеш, за десет минути затвораме“.

За оние на кои не им било доволно, забавата продолжува до долината.

Во Вилинген живеат околу 6,5 илјади жители. Но, за викендите тука доаѓаат десетици илјади гости желни за забава. Најголемиот дел од нив сакаат да влезат во пивницата. Затоа Арнд Брине врши строга контрола на влезот: „Најмногу внимаваме на возраста. Никој под 18 години не смее да влезе“. Заради заштита на гостите, за Брине безбедноста е на прво место.

Феноменот апре-ски се случува повеќе од 100 години. Тоа подразбира дружење и забава по денот минат на снежните патеки.

Во меѓувреме ова опуштено и алкохолизирано дружење стана особено популарно меѓу младите луѓе. Меѓу нив има и најмалку скијачи. Во Вилинген тие се забавуваат по цела ноќ. Токму затоа малото место и меѓу странските туристи важи за забавен главен град за жителите на областа Зауерланд.