1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЛТУ – согласност

*

Авио-компанијата ЛТУ и синдикатот на пилотите Кокпит, постигнаа договор околу бараното зголемување на платите и на тој начин е избегнат штрајк во последна минута. Пилотите се заканија со штрајк доколку не биде постигнат договор за зголемување на платите. По долги преговори, решено е платите да се зголемат за три проценти ретроактивно од 1 јануари 2007 година. Од јули 2008 година ќе има зголемување на платите за уште 2%. Раководството на ЛТУ соопшти дека преговорите се воделе во интерес на патниците и дека било направено се за да не дојде до откажување на веќе резервирани летови.