1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Лоја Џирга постигна согласност околу идниот устав на Авганистан

По тринеделни расправии и обид да се излезе од сопствените ограничувања, членовите на највисокиот авганистански совет, Лоја Џирга, постигнаа согласност околу новиот устав на земјата. Претседателот на Лоја Џирга, Себгатула Муџадеди, соопшти дека е постигната целосна согласност околу предлог устав кој предвидува претседателски систем со големи овластувања на претседателот на земјата. Делегатите до последно се расправаа околу јазикот на Узбеците, кои бараа тојд а стане трет државен јазик покрај Дари и Пашту. Во изминатите денови дел од членовите на највискиот совет изразуваа стравување дека барањето на Узбеците може да биде основа за федерализација на земјата и нејзина поделба. Компромисниот предлог устав, кој содржи 160 членови, предвидува, покрај Дари и Пашту, малцинствата во подрачјата каде се населени во мнозинство, како официјален јазик да го користат и својот.

Што се однесува до судирот околу бројот на потпретседатели, победници излегоа критичарите на шефот на државата, Хамид Карзаи. Компромисот предвидува двајца заменици, односно еден повеќе од првичниот предлог. Критичарите аргументираа дека повеќе заменици можат подобро да го контролираат влијанието на претседателот.

Донесување на уставот е предуслов за одржување слободни избори во Авганистан по четврт век војни и насилство. Во преговорите, кои повремено се блокираа, учествуваа и пратеникот на ОН за Авганистан, Лакдар Брахими и американскиот амбасадор Зелмеј Калилзад. Во Авганистан, повеќе од половината од 25 милиони жители се Паштуни. Таџиките се една четвртина од населението, а Узбеците и Хасара чинат една десетина. По воената интервенција во 2001 година, и падот на паштунските Талибанци, растеше политичкото влијание на не- паштунските етнички групикои во сегашната власт ги држат клучните позиции.