1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лош старт на германските тимови

Вердер и Шалке останаа со куси ракави во дуелите против Реал Мадрид и Валенсија на стартот од натпреварите во фудбалската лига на шампиони. Челзи изненаден на домашен терен. Сигурен старт на бранителот на трофејот Милан

default

Од натпреварот Шалке-Валенсија

Вердер од Бремен пропушти голема можност од гостувањето против Реал во Мадрид да се врати со бод. Избраниците на тренерот Франк Бауман одиграа добар натпревар. Брзо се вратија во игра по водството на Реал во 16 минута со голот на Раул. Само една минута подоцна израмни Саного. Така беше до 74 минута кога холанѓанецот Руд Ван Нистелрој постигна гол за конечни конечни 2:1:

“ Многу сум разочаран бидејќи повторно се враќаме дома со празни раце“ изјави тренерот на Вердер Франк Бауман

Уште поголемо е разочарувањето кај Шалке, кој на домашен терен претрпе пораз од Валенсија со минални 0:1. Педесет и четири илјадната публика беше сведок на помалку здодевен просечен натпревар во кој падна само еден гол:

“ Имавме шанси во првото полувреме кои не ги искористивме. По водството на Валенсија од 1:0 во одбраната беше помалку слабо. Не можевме да одржиме контрола на играта на средината на теренот и имавме доста грешки во нападот“ изјави Фабијан Ернст

Честа на германците во првото коло ќе се обиде да ја одбрани актуелниот шампион во Бундеслигата, Штутгарт, кој вечерва гостува на жешкиот терен во Глазгов против тимот на Ренџерс. Напаѓачот Марио Гомез е оптимист:

“ Знаеме што не очекува. Сигурно е дека не сме полоши од шкотите. Не очекува голема борба во која мислам дека имаме добри шанси за победа“ изјави Гомез

Челзи изненаден на стартот

Инаку најголемото изненадување синоќа го приреди Розенборг кој на Стемфорд Бриџ во Лондон му зеде бод на големиот фаворит,Челзи. Тренерот Жозе Мурињо по половичниот успех не беше задоволен:

“ Мојот тим играше против екипа, која според мене одигра на начин на кој малите тимови тоа го прават кога се на гости кај подобрите. Тие дојдоа да се бранат и играа организирано. Челзи имаше дваесет шанси, од кои можеби петнаесет за малку не беа гол“ изјави Мурињо

Бранителот на титулата Милан ја победи Бенфика со 2:1, Лацио на македонскиот интернационалец Горан Пандев на гости против Олимпијакос освои бод, 1:1. Идентичен беше епилогот и во Марсеј на натпреварот Олимпик-Фенербахче. Порто го совлада Ливерпул со 2:0. Ист беше и резултатот на натпреварот Шахтјор-Селтик.

Вечерва на програмата се натпреварите од преостанатите групи. Најголемо внимание привлекуваат дуелите Барселон-Лион и Спортинг-Манчестер Јунајтед.