1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лош старт на ватерполистите

Ватерполо репрезенацијата на Македонија доживеа убедлив пораз од Грција во првиот натпревар од квалификациите за пласман на Олимписките игри во Лондон. Во 1. коло од групата „А“ беа поразени со 12:2.

default

На турнирот кој се одржува во Едмонтон (Канада), македонските ватерполисти доцна синоќа (01.04) во 1. коло од групата „А“ беа поразени со 12:2. По четвртини резултатот изнесуваше 1:0; 3:2; 3:0 и 5:0.

Матео Чук беше единствениот во македонската репрезентација кој успеа да се запише во листата на стрелците и тоа во вториот период, додека во останатите три четвртини Македонија не успеа да ја погоди мрежата на Грција.

Во рамките на 2. коло, доцна вечер (23 часот и 40 минути) Македонија за противник ќе ја има Холандија, која синоќа беше поразена од Црна Гора со 12:6.

Германија со 10:9 ја победи Романија, во натпревар со кој беше заокружено 1. коло од групата „А“.

Во групата „Б“ ќе играат Турција, Шпанија, Бразил, Аргентина и домаќинот Канада, додека Венецуела го откажа своето учество.

Четирите првопласирани репрезентации од групите ќе изборат пласман во четвртфиналето, а победниците во четвртфиналните натпревари ќе обезбедат учество на Олимписките игри во Лондон.

Македонската ватерполо репрезентација се најде во овие предквалификации, откако Нов Зеланд го откажа учеството. Таа по вторпат учествува на олимписки квалификации, откако пред четири години во Орадеа за Игрите во Пекинг го освои 8. место.