1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лош биланс на германските екипи во синоќешните натпревари во Лигата на шампионите

Баерн поразен на домашен терен од Јувентус , a Баер од Леверкузен одигра само нерешено против слабата Рома на празниот олимписки стадион во Рим.

default

„Старата дама“ искусно во последните минути од натпреварот од групата Ц успеа да им ја загорчи вчерашната вечер на Баварците и да им го направи понеизвесен евентуалниот пласман во втората рунда натпревари во Лигата на шампионите. Алесандро дел Пјеро беше погубен за Баерн во 90 минута искористувајќи ја единствената грешка која ја направи одбраната на Баварците и голманот Оливер Кан.

“Па да , на крајот останува голиот резултат , кој е на двапати 1:0 , а дали е заслужен тоа е друго прашање. Но уште еднаш Италијанците покажаа минималистички фудбал , ладно се затворија , чекаа на грешка и ние тогаш направивме една а напред не успеавме да дадеме гол. Имавме голем број шанси и мислам дека одигравме добра партија , но како што велат: во конечниот исход ние бевме поразени” - изјави по натпреварот капитенот на Баерн, Михаел Балак.

Со овие три бодови Јувентус обезбеди пласман во наредната рунда а Баерн шансата ќе ја бара во натпреварите со послабите екипи на Макаби и Ајакс кој вчера во Тел Авив играа 2:1.

Вториот германски тим Баер од Леверкузен пропушти можност да ја совлада индиспонираната Рома која настапуваше на празниот терен на Олимпико стадионот. Фудбалерите на баер не успеаја да го задржат водството до кое дојдоа во 82 минута со голот на Бербатов , и во 90 минута Монтела спаси бод за домаќините. Динамо Киев и Реал Мадрид одиграа нерешено 2:2 во вториот натпревар во оваа можеби најнеизвесна група во Лигата.

Францускиот шампион Лион пак во групата Д обезбеди пласман во осминафиналето со победата над Фенербахче со 4:2 , а Манчесетер е само на чекор до пласманот, откако синоќа со 4- те голови на Руд ван Нистелрој и еден во сопствената мрежа беше подобар од Спарта од Прага.

Во групата А, Ливерпул славеше минимално нагости против Депортиво Ла Коруња а атински Олимпијакос дома го совлада Монако со идентичен резултат.