Лошо расположение во финансискиот центар Лондон | Економија | DW | 19.03.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Лошо расположение во финансискиот центар Лондон

Мнозинството министри за финансии од ЕУ се согласни дека бонусите што ги добиваат врвните банкари од почетокот на следната година треба да бидат намалени на максимални 100 проценти од нивната бруто плата.

Раскошни и скапи автомобили - вакви се банкарските соништа, но наскоро тие во Лондон ќе бидат поскромни. Најдоцна кога бриселската кочница за бонусите ќе стапи на сила. Се шири разочарувањето од владата, која не успеа да го спречи најлошото. Соодветно на тоа, расположението во финансиските кругови е лошо.

„Слушнав од неколку луѓе дека ќе го напуштат Лондон, ако се зауздаат банкарските бонуси“, вели еден лондонски банкар.

„Многу луѓе овде се експерти, па има и други места каде можат да се заработат многу пари“, забележува друг негов колега.

Сето ова е само кревање паника? Експертите потврдуваат - Европа би можела да си наштети со ограничувањето на бонусите. Европските банки за најдобрите соработници конкурираат со финансиските институти од Азија и Америка, кои не се ограничени со платните бариери во ЕУ. Од секој врвен банкар зависат стотици други работни места.

London Bürgermeister Boris Johnson

Лондонскиот градоначалник Борис Џонсон гледа заговор против неговиот град

„Врвните луѓе се и најмобилните во браншата. Тие можат да си дозволат да се преселат со семејството во Азија, Сингапур, Хонг Конг или САД. Овие луѓе одат таму каде што се парите“, вели Џонатан Хиколсон од консултантската фирма Естбури Марсден.

Загрижена за финансискиот центар Лондон е и британската политика, а пред се’ градоначалникот на Лондон, кој насетува заговор против Лондон.

„Многу е очигледно сето ова е во духот на непријателство кон градот Лондон, кој е финансиска метропола на Европа. Нашите пријатели и партнери во ЕУ имаат потреба од силен Лондон, во корист на целата Унија, на целата заедница. Бидејќи инаку бизнисите, работните места ќе мигрираат не кон Франкфурт или Париз, туку кон Хонг Конг, Цирих, Сингапур или Њујорк“, забележува градоначалникот на Лондон Борис Џонсон.

Без оглед на тоа како ќе изгледа кочницата за бонусите, адвокатските канцеларии во градот подготвуваат стратегии како банките да ги заобиколат и разгледуваат преземање правни чекори.