1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Лоши прогнози за пазарот на труд во светот

Меѓународната организација за труд прогнозира тешки времиња за околу 1,5 милијарда луѓе кои зависат од своите плати. Финансиската криза во наредната година ќе остави без работа 20 милиони луѓе.

default

Милиони вработени во светот поради актуелната финансиска и економска криза во наредната година ќе мора да се соочат со загуби на приходите. Ова произлегува од глобалниот извештај за плати на меѓународната организација за труд со седиште во Женева. За 2008 година прогнозите се дека во индустриските земји платите ќе се зголемат за 0,8%. За 2009 пак, се смета на намалување на платите во овие земји за 0.5%.

Искуствата од последната година покажуваат дека кризата се одразува посилно врз платите, отколку врз бруто националниот доход. Намалувањето на бруто националниот доход за 1% води кон намалување на платите за 1,5%. Кога овој пример би се однесувал и на актуелните трендови тогаш кризата ќе биде уште поголема, вели експертот Мануела Томеи. Таа предупредува дека во услови на намалување на платите за вработените, ќе дојде до намалување на потрошувачката. Тоа според нејзе уште повеќе ќе ја заостри кризата и ќе го забави процесот на закрепнување.

Расте јазот помеѓу богатите и сиромашните

Во две третини од земјите во кои организацијата ги спровела своите истражувања, разликата во делот на примањата и натаму се продлабочува. Германија и САД, се во редот на земјите каде јазот помеѓу сиромашните и богатите е се` поголем. Франција и Шпанија пак, прават напори за намалување на разликите помеѓу највисоките и најниските примања. Со оглед на ваквите податоци и трендови, меѓународната организација за труд пледира во решавањето на актуелната светска криза, акцентот да се стави на политиката на плати. Мануела Томеи притоа нагласува дека идејата е инвестициите да не се стават во втор план.

Инаку во извештајот на меѓународната агенција за труд се забележува дека жените во светот сеуште земаат помали плати од мажите. Податоците од мнозинството земји покажуваат дека платата на жените се движи помеѓу 70 и 90% од вредноста на платите на мажите. Меѓународната агенција за труд смета дека во изминатите години важна улога играла и политиката на најниска утврдена плата.

DW.COM