1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Лоши времиња за соларната енергија

Три германски компании кои се занимаваат со производство на соларни плочи прогласија банкрот во кус временски рок. Споредпрогнозите, ќе следат и други банкроти, пред се’ поради евтината кинеска конкуренција.

Соларни плочи на покривите - во Германија тоа е популарен тренд. Но, добрите времиња за овој тренд можат набрзо да станат минато, предупредуваат од германската фотоволтаична бранша.

Од една страна, соларната енергија се’ помалку се субвенционира во Германија. Од друга, се’ повеќе производите пристигнуваат од Кина, каде тие се, едноставно кажано, поевтини.

Кина масовно го разви своето производство, со помош на илегални државни субвенции, гласат обвинувањата на производителите од Германија. Тие се жалат на дампинг цени.

Уделот на кинеското производство на светскиот пазар за пет години порасна од 15 на цели 50 проценти. Учеството на германските производители во истиот период падна од 20 на 10 отсто.

САД први презедоа мерки. Царинските давачки за евтините кинески производи ќе пораснат за 4 проценти.

Чекор каков што посакуваат многу производители и во Европа. Затоа што тука уште поголем број производители на соларни тела се пред банкрот.