1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Лондон со страв од тероризам ја почна новата работна седмица

Се повеќе велосипеди од утрината можат да се видат на улиците на Лондон. Граѓаните на британската претсолнина со страв од тероризам ја почнаа новата работна седмица, додека полицијата и натаму трага по одговормите за атентатите во подземната железница и автобусот, кои што во четрвтокот усмртија 50-тина лица. Вчера попладне на аеродромот Хитроу беа уапсени три лица осомничени за тероризам.

Тага по загинатите во нападите

Тага по загинатите во нападите

Агенцијата Франс Прес денеска дознава дека полицијата во текот на ноќта ги ослободила осомничените за тероризам без подигање какво било обвинение.

,,Трите лица беа уапсени како превенција од терористички акти на Хитроу Ареодромот. Би било неприкладно и чиста шпекулација кога би тврделе дека постои директна врска со атентатите во Лондон“ посочи претходно третиот човек на Скотланд Јард Брајан Падик.

Засега полицијата не соопштува дали има уапсено луица директно поврзани сио терористичките напади во британскиот главен град. Според Падик, полицијата добива важни информации од граѓаните кои се јавиле на специјалната истражна линија, на која досега имало 1700 повици. Истражителите вчера посочија оти се речиси сигурни дека нападите не ги извршиле бомбаши самоубијци.

Официјалната бројка загинати засега е 49 лица, но таа не е конечна, бидејќи во тунелите на подземната желеѕница, екипите и натаму трагаат по тела на загинатите. Акцијата оди споро и тешко, поради високите температури и колемото количество прашина во лондонското метро.

Голем број Лондончани вчера се собраа во црквите во градот за да им оддадат почит на жртвите на терористичките напади во британската претстолнина и истовремено да ја одбележат 60 годишнината од крајот на Втората Светска Војна. Лидерите на пет верски заедници во Велика Британија, во меѓувреме, со заедничка декларација ги осудија лондонските терористички напади.

Со минута молчење во чест на загинатите, почна мисата во Вестминистер црквата, на која дојдоа многу верници, претежно ветерани од војната, како и британската кралица Елизабета Втора и премиерот Тони Блер. Кралицата положи венец во знак на сеќавање на жртвите од сите војни, а главната порака од лондонските миси беше дека ,,светлоста ќе го победи мракот на тероризмот“.