1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Лондон сепак забрани да се комерцијализираат приказните на маринците

Британската влада реши сепак да забрани понатамошна комерцијализација на приказните на војниците кои беа заробени во Иран. Ексклузивните интервјуа на двајца маринци предизвикаа бура протести, изјави министерот за одбрана Дес Браун повлекувајќи ја првичната дозвола за објавување на сториите во јавност. Политичари, одбрамбени експерти и поранешни команданти изјавија дека продавањето на овие приказни е под нивото на честа. Според многумина владата ги искористила војниците за пропагандни цели и со тоа не се покажала подобра од иранската влада. Министерството за одбрана ја бранеше претходната одлука со енормен интерес и притисок од медиумите.

Највртено интервју е на единствената жена во заробениот екипаж, Феј Трни. Таа тврди дека добила смртни закани за да и се изнуди признание.

„Тоа беше како да ја предавам својата земја, но немав друг избор. Ако не соработував, против мене ќе беше подигнато обвинение за шпионажа“, изјави Трни.