1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лондон подготвен за параолимпијците

Во британскиот главен град се е подготвено за почетокот на Параолимписките игри на кои ќе настапат 4.200 атлетирачи. Двајца Македонци ќе се натпреваруваат во стрелаштво

Во Лондон вечерва почнуваат 14. Параолимписки Игри, кои ќе траат до 9 септември, а на нив ќе учествуваат 4.200 спортисти од 160 земји, што е дури 19 повеќе отколку на последната параолимпијада во Пекинг во 2008 година.

На лондонските Игри првпат се појавуваат спортисти од 16 држави, меѓу кои Руанда и Северна Кореја.

На Параолимписките Игри учествуваат и двајца спортисти од Македонија, Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов. Тие ќе се натпреваруваат во пукање од воздушен пиштол, со спортски пиштол на 25 метри и со пиштол по слободен избор на 50 метри.

Првата Параолимпијада во 1960 година

BdT Olympisches Sitzvolleyball

Во вечерашната церемонија на свеченото отворање предвидено е да учествуваат три илјади доброволци, стотина деца, како и стотина професионалци. На отворањето ќе присуствува и кралицата Елизабета, како и војводата и војводката од Кембриџ, принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин Мидлтон.

Претседателот на Организацискиот комитет на Игрите, лорд Коу изјави дека организаторите имале само еден ден одмор по завршувањето на Олимпијадата.

„Веднаш потоа започнавме со работа за организирање на овие Игри, за комплетно да ја завршиме обврската што ја презедовме пред седум години“, рече Коу.

Првите Паралимписки игри се одржани во Рим во 1960 година, само една недела по завршувањето на тогашната летна Олимпијада, што се одржа во италијанскиот главен град.