1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Лондон како безбедносна тврдина

Во Лондон се преземаат последните безбедносни подготовки пред почетокот на Олимпијадата. Безбедноста е задача број еден. Лондон изгледа како тврдина!

Највисок степен на безбедност за Олимписките игри. Борбени авиони го надгледуваат воздушниот простор над Лондон.

Тие тргнуваат од тешко вооружен носач на авиони кој патролира на Темза. Џејмс Брокеншир од британското Министерство за внатрешни работи вели:

„Нашата намера е безбедносните мерки да бидат и видливи. Се разбира, радоста за Игрите не смее да биде попречена, но добро сме подготвени за различни видови закани - тероризам, организиран криминал или протести.“

Минатата недела на олимпискиот простор беа распоредени дополнителни 3.500 војници, поради тоа што приватната фирма задолжена за обезбедување не може да регрутира доволно персонал.

Ангажирани се вкупно 17.000 припадници на армијата, а ракети земја-небо се инсталирани дури и на зградите. Луѓето на улиците на Лондон велат:

„Мислам дека ризикот е зголемен, но се надевам дека ќе работат напорно за да спречат евентуални инциденти.“

„Мислам дека никој не е посебно загрижен околу безбедноста. Сметам дека малку се претерува во се‘.“

Безбедност - најголема заповед за Олимписките игри во Лондон. Екстремните мерки треба да придонесат за тоа напрегнато и возбудливо да биде само на спортските борилишта.