1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лондон инсистира на дозвола за шкотскиот референдум за независност

Британскиот министер за Шкотска, Мајкл Мор синоќа изјави дека шкотскиот референдум за независност мора да биде одобрен на владата на Велика Британија.

default

Знамето на Шкотска

Зборувајќи пред Парламентот во Лондон за „шкотските состојби“ поврзани со организирањето на референдумот за независност за Шкотска, Мор рече дека плебисцитот ќе биде неуставен без овластување од британската влада.

Во дебатата во Долниот дом на парламентот, министерот ги извести пратениците дека шкотското Собрание во Единбург нема правна надлежност за да може да распише референдум околу идната позиција на Шкотска, затоа што тоа е уставно прашање кое е во надлежност на Вестминстер и владата во Лондон.

Das schottische Parlament in Edinburgh

Шкотскиот парламент во Единбург

Британската влада ќе ги пренесе овластувањата на парламентот во Холируд околу гласањето, само ако тој процес биде легален, фер и убедлив, рече министерот Мор во своето обраќање.

Тој објасни дека Владата во Лондон нема определено рок за одржување на референдумот, но дека сака тој да биде одржан што е можно поскоро.

Од своја страна, шкотскиот премиер Алекс Салмонд ги отфрли, како што рече,„обидите на Лондон за мешање во шкотските работи“, нагласувајќи дека референдумот за иднината на Шкотска е работа за која се надлежни шкотскиот парламент и шкотските гласачи.

Во изјава дадена во Абердин, Салмонд порача дека „премиерот во Лондон" и неговата влада не можат да одлучуваат за референдумот.

Владата во Единбург синоќа соопшти дека планира организирање референдум за независност во втората половина на 2014-та година. Шкотската Влада настојува право на глас да добијат и младите на возраст од 16 и 17 години, затоа што верува дека тие се повеќе наклонети кон шкотската самостојност.

Ова е првпат шкотската Влада да определи рок за одржување на референдумот за независност.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор:Борис Георгиевски