1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Лондон бара ослободување на британските маринци

Велика Британија го зголемува притисокот врз Иран за ослободување на уапсените британски маринци. Премиерот Тони Блер покажа решителност и за поостар настап, ако војниците не бидат наскоро на слобода, но сепак и дава предност на дипломатијата. Иранските власти соопштија дека британската амбасада во Техеран ќе може да ги посети морнарите кои беа уапсени од страна на иранските власти откако ќе заврши првичната истрага. Иран соопшти дека 15-те маринци кои беа уапсени минатата недела се во добра задравствена состојба, но не открива каде се наоѓаат.