1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Лондонски облакодер топи автомобили

Градителите на новиот облакодер во Лондон се соочуваат со неочекуван проблем, рефлексијата од сончевата енергија е толку силна што успеа да „стопи“ автомобил.

Соседните бизниси исто така се жалат на штета која ја имаат претрпено од „пржиблакодерот“.

„Кој може да помисли дека нешто вакво ќе се случи“, изјави Мартин Линдзи сопственикот на автомобилот. Линдзи го оставил својот скап Јагуар во близина на новиот облакодер кој се наоѓа во близина на финансиската област, а кога се вратил бил потполно шокиран од тоа што го видел. Еден од панелите и ретровизорот свиени, а знакот Јагуар потполно отпаднат од автомобилот.

На возачкото стакло била оставена порака од градежната компанија: „вашиот автомобил потклекна, ве молиме јавете ни се“. Виновникот за ова е никој друг туку облакодерот на 37 ката од кој сончевите зраци се рефлектирале.

Градежната фирма пак, вината ја префрли врз сонцето. Тие тврдат дека сегашната позиција на сонцето е таа која создава проблеми, а со доаѓањето на есента сето тоа ќе се промени. Во изјава дадена во вторникот компанијата тврди дека ќе превземат сѐ во нивна моќ да го решат проблемот. За таа цел ќе бидат затворени три паркинга во близина, и ќе биде подигнато скеле со улична височина кое ќе штити од штетните зраци.

Локалниот бизнисмен Али Акеј е многу незадоволен, тој вели:„Ова е безбедносен и здравствен проблем, зраците прават дупки во мојот тепих, морало да го предвидат ова пред да почнат да градат“.

Како и да е, не е баш јасно кои чекори ќе ги преземат артитектите за да го решат проблемот, пред зградата која се наоѓа на Фенчрч да биде завршена во март 2014.

Еден од изведувачите изјави за Ројтерс дека постои дека можност да се постават ленти за затемнување, кои би служеле како заштита од зраците, но тоа уште повеќе ќе го нагрди облакодерот кој и така е веќе исмеван заради својот „огнен“ изглед.

„Затемнувачките ленти се тешки за монтирање откако објектот е изграден, а и изгледаат многу грдо, тоа е како да ставате заштитен екран на вашиот Ајфон“, изјави еден од изведувачите.

Архитектот Рафаел Виноли кој стои зад проектот сѐ уште нема излезено со изјава за проблемот. Според медиумите, истиот архитект веќе од порано имал сличен проблем со една од неговите креации, Вдара Хотел во Вегас, кој исто така рефлектирал зраци со необичен интензитет.