1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Локални избори во Северна Рајна Вестфалија

Во 396 општини во германската покраина Северна Рајна Вестфалија од утрово се отворени изборните локали. Околу 14 милиони граѓани со право на глас се повикани да ги изберат локалните парламенти.

Бон

Бон

За вторпат по 1999 година директно ќе се бираат градоначалници како и општински совети.Гласањето во најголемата сојузна покраина во Германија важи и како тест за расположението на граѓаните пред оддржувањето на изборите за покраинското собрание во мај наредната година. Пред пет години, на локалните изборите партијата ЦДУ освои 50,3 проценти од гласовите и им ја одзема превласта на Социјал - демократите во советите во Рајнско – рурската област.

Избирачите ќе добијат и до четири избирачки ливчиња, и притоа ќе треба да гласаат за избор на градоначалници, совети и сите други претсавници на градско и општиснско ниво. Поинако отколку при избори за сојузниот или покраинските парламенти, на овие избори право на глас имаат и 16 и 17 годишниците. Доколку на изборите ниту еден кандидат за градоначалник не го освои потребното мнозинство на гласови, на 10 октомври ќе се оддржи втор круг помеѓу двајцата кандидати со најголем број на гласови.

Во Северна Рајна Вестфалија живеат 18 милиони жители, и е најгусо населена германска покраина. Во покраината како во ниедна друга западно германска покраина се спорведуваат длабоки структурни промени. Јагленот и челикот ги загубија своите доминанти места во Рајнксо – рурската област. Во изминатите 30 години бројот на вработените според покраинската влада од некогашните 426.000 вработени се намалина 140.000. Како последица на ова невработеноста во покраината во западно германкса споредба е најголема и изнесува 10,3 проценти.