1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Локални избори во Ирак

Во Ирак денеска се спроведуваат локални избори. Повикани да гласаат се жителите на 12 од 18-те ирачки провинции. Право на глас имаат 13,8 милиони лица. Заради изборите во Ирак се воведени засилени мерки за безбедност.

Во сунитските провинции Анбар и Ниневија гласањето е одложено на неопределено време од безбедносни причини, а во Ирачки Курдистан општинските избори се закажани за септември. Право на глас имаат 13,8 милиони лица. За 378 места во провинциските совети се борат 8.000 кандидати. Од нив 150 лица беа исклучени од списоците, најмногу заради врски со забранетата партија Баас. Во текот на последните месеци 13 кандидати беа убиени.

Заради изборите во Ирак се воведени засилени мерки за безбедност. Во двата дена пред гласањето во терористички напади во цела земја загинаа 40 лица, а најкрвавиот напад беше во кафеана во Багдад.

Од декември сунитите во Ирак организираа многу улични протести, обвинувајќи ја владата, во која доминираат шиитите, дека ги маргинализира.