1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

ЛОИ: Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина

На првиот ден од пливачките натпревари на патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал.

Шивен Је синоќа во „Акватик центарот“ во Лондон во оваа дисциплина исплива за 4 минути 23 секунди и 43 стотинки. Среброто и‘ припадна на Елизабет Бајзел од САД, а бронзата ја освои Ксуанксу Ли од Кина. Кај дамите штафетата на Австралија во трката 4 х 100 метри слободно постави нов олимписки рекорд, освојувајќи го златниот медал. Второто место го освои Холандија, а трети стигнаа Американките.

Големо внимание привлече трката со која беа отворени пливачките натпревари во Лондон. Американецот Рајан Лохте исплива до златниот медал, совладувајќи ги ривалите. До среброто стигна Бразилецот Тиаго Переира, а бронзен медал освои Јапонецот Кусоке Хагино. Без медал на 4. место остана Мајкл Фелпс од САД и остана со 14 златни медали на Олимписките игри освоени во Атина и во Пекинг. Со време на олимписки рекорд златен медал освои и Јанг Сун од Кина во трката на 400 метри мешано, пред Таехван Парк од Јужна Кореја и Петер Вандеркај од САД.

Германските пливачи целосно потфрлија, оние кои настапија првиот ден не се квалификуваа за финалните трки, дури ни светскиот рекордер Паул Бидерман на 400 метри, како и Брита Штефен, во кои се полагаа големи надежи.