1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лов на рекорди на Њујоршкиот маратон

Митскиот Њујоршки маратон се враќа - по минатогодишното откажување, денеска (03.11.) ќе стартува трката во која многумина се надеваат на рекодри. На маратонот учествуваат и јавни личности, како Памела Андерсон.

Кениецот Џефри Мутаи се надева на своја втора победа на Њјурошкиот маратон. Во 2011 година тој победи на трката, поставувајјќи нов рекорд 2:05:05 часа. Вели дека годинава е во уште подобра форма: „Оваа патека е многу тешка. Но, ако времето биде добро, можно е да се постигне време од 2:04 часа“.

Својата добра форма фаворитот ја докажа во септември. Во Удине, во Италија, на полумаратонот го истрча речиси своето најдобро време - 59 минути и 6 секунди. Дополнителна мотивација му е постигнувањето на неговиот партнер за тренинг - Вилсон Кипсанг, кој на Берлинскиот маратон постигна време од 2:03:23 часа и со тоа постигна нов светски рекорд. Мутаи сака да даде се‘ од себе во Њујорк.

Конкуренцијата, меѓутоа, е силна. Светскиот првак во маратон и олимписки победник Стивен Кипротич од Уганда сака да му ги помати плановите на Мутаи. Сепак, прашање е дали Кипротич по успехот на Светското првенство во август, може уште еднаш да ја достигне својата врвна форма. Во женска конкуренција се очекува дуел на две Кенијки. Двојната светска шампионка Една Киплагат и Приска Џепто, победничка на Лондонскиот маратон во 2013 година, сакаат да минат први низ целта во Централ парк во Њујорк.

Ќе трча и Памела Андерсон

New York Marathonlauf 2001

Годинава ќе има 48.00 учесници

На маратонот ќе учествваат и оние за кои е најважно само да се учествува. На патеката долга 42,195 километри ќе трчаат околу 48.000 луѓе, меѓу кои и некои познати јавни личности. На пример, свое учество најави Памела Андерсон. Стотици илјади гледачи ќе ги бодрат учесници на маратонот, кој првпат минатата година не се одржа поради штетите предизвикани од ураганот Сенди. „Кога едно нешто ќе го нема, тогаш навистина ви недостига“, изјави претседателката на Њујоршкиот Роуд Ранер Клуб, Мери Витенберг.

Маратонот годинава е посебен и поради нешто друго. Обезбедувањето е значително зголемено, по нападот врз маратонот во Бостон. Буџетот на организаторите е двојно зголемен и изнесува еден милион долари. Значително поголемо обезбедување во споредба со минатите маратони ќе има на целта, во Централ парк.