Ловот на гласови завршува во Дрезден | Теми на денот | DW | 01.10.2005
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ловот на гласови завршува во Дрезден

Кандидатите за канцелар на Германија , Герхард Шредер и Ангела Меркел , ги искористија сите свои говорнички квалитети да придобијат што повеќе симпатизири во Дрезден. Во овој град утре ќе се гласа на одложените избори , од кои еден од нив може да стекне психолошка предност во мртвата трка за функцијата

default

Иако минаа речиси две недели од вонредните парламентарни избори во Германија , двајцата политичари кои се надеваат дека ќе добијат мандат да раководат со земјата повторно мораа да агитираат за гласови. И канцеларот Шредер и неговата предизвикувачка од опозицијата Ангела Меркел вчера беа во Дрезден во обидот да придобијат на своја страна што повеќе гласачи од овој град , каде што изборите беа одложени за две недели поради смртта на една кандидатка за пратеничка. Значи иако во Дрезден ќе се гласа , и иако набљудувачите велат дека тамошниот исход нема многу да влијае врз конечниот резултат од изборите во земјата ниту пак ќе го промени балансот на силите во Бундестагот , Шредер и Меркел ги искористија сите свои политички и говорнички вештини за да придобијат што повеќе гласови во Дрезден. Инаку по конфузниот резултат од гласањето на 18 септември, од кои не произлезе јасен победник Германија сеуште нема Влада , а и Шредер и Меркел сметаат дека треба да ја заземат канцеларската функција. Како најверојатно во моментов се смета формирањето на голема коалиција токму меѓу партиите на Шредер и Меркел, Социјалдемократите и Демохристијаните. Но по се изгледа најголемиот проблем е нивните спротиставени желби за канцеларското место . Токму затоа и Меркел и Шредер сметаат дека со гласовите од Дрезден ќе си обезбедат подобра позиција во таа трка:

„Кажете им дека се работи за секој глас бидејќи сакаме , да можеме да си дозволиме силно влијание во идната германска влада . Ние сме најсилната фракција . Вие можете да придонесете да бидеме уште посилни“ – порача Меркел во Дрезден .

Канцеларот Шредер упати слична молба до избирачите во Дрезден:

„Мојата молба е , со едно јасно и офанзивно гласање за мојата партија , СПД , да ја засилите нашата позиција во преговорите за формирање на нова влада“ .