1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Лоби-мисија на Попоски и Бесими во Вашингтон за влез во НАТО

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски и министерот за одбрана Фатмир Бесими синоќа во Вашингтон ги презентираа аргументите зошто Македонија треба да биде дел од НАТО.

default

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски

На вечерата организирана во македонската амбасада, присуствувале истакнати личности од американската администрација и претставници на тинк-тенк заедницата од САД, меѓу кои Доналд Рамсфелд, поранешен секретар за одбрана на САД и Дејмон Вилсон, потпретседател на Атланскиот совет на САД.

Двајцата министри информирале за аспирациите на Владата и граѓаните на

Македонија за интеграција во евро-атлантските структури. На вечерата, бригадниот генерал Вилијам Рој, поранешен командант на македонските војници во Авганистан, го истакнал нивниот висок професионализам во мисијата во Авганистан.

Присутните се согласиле дека Македонија ги исполнува условите за влез во НАТО и заслужува да биде членка на Алијансата, со што ја потврдија поддршката која САД во континуитет ја дава на Македонија кон нејзината

евро-атлантска интеграција.

Der mazedonische Verteidigungsminister Fatmir Besimi

Македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими

Министерот Бесими во Пентагон и Стејт департментот

Билатералната соработка во областа на одбраната, начините за нејзино идно унапредување и заедничкото учество во мировни мисии, како важен сегмент на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, беа тема и на средбата во Пентагон меѓу министерот за одбрана Фатмир Бесими и Џозеф МекМилан, вршителот помошник-секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања.

Министерот Бесими на средбата истакнал дека Македонија ќе продолжи со реформскиот процес во одбраната кој континуирано тече, а потврдени биле и македонските заложби за членство во НАТО. Исто така, министерот Бесими на состанокот информирал за учеството на Република Македонија во мировните мисии, односно во ИСАФ.

Помошник-секретарот МекМилан изразил благодарност за досегашната американско-македонска соработка и ја нагласил поддршката на САД на Македонија во насока на реализација на крајната цел – полноправно членство во Алијансата. Во тој контекстМекМилан го поздрави долгогодишниот ангажман и високиот професионализам на македонските мировници во меѓународните мисии.

По посетата на Пентагон, министерот Бесими, во Стејт департментот, имаше средба и со Филип Рикер, заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, како и со повеќе сенатори и конгресмени на кои се разговарало за членството на Република Македонија во НАТО.

Автор: ЖА/СН/макфакс/миа

Редактор: Симе Недевски