1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ли е нов кинески премиер

Кинескиот Народен конгрес денеска (15.03) го избра Ли Кечијанг за нов премиер на земјата, еден ден откако за претседател беше именуван Ши Џинпинг. Со тоа е завршена транзицијата на власта во Кина.

Околу 3.000 делегати на Народниот конгрес во Пекинг го назначија досегашниот вицепремиер Ли Кечијанг (фото горе) за наследник на Вен Џијабао.

„Објавувам дека другарот Ли Кечијанг е избран за премиер на Народна Република Кина“, соопшти потпретседателот на парламентот Јан Џунчи.

Вчера за нов претседател на земјата беше избран Ши Џинпинг и со тоа е завршената смената на генерации во кинеското раководство. Персоналните одлуки беа подготвувани долго пред оджувањето на Конгресот во тесен круг раководители на земјата, а задача на кинескиот Парламент е само тоа да го легитимира.

Ли се смета за добар познавач на економијата. Тој вети дека ќе работи на намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните и на заштита на животната средина.