1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лице од Бангладеш се обидело да изврши терористички напад во Њујорк

Американското федерално биро за истраги вчера уапсило сомнително лице, за кое се верува дека сакало да активира бомба во Њујорк. Се работи за лице од Бангладеш, кое дошло во САД за да изврши терористички напад.

Лицето било уапсено во Менхетен под обвинение за тероризам. Идентификуван е како Кази Мохамед Резванул Асан Нафис. Жителите на Њујорк не биле во опасност, информираше анонимен полициски извор. Дел од медиумите информираа дека цел на нападот била Банката за федерални резерви во Њујорк.

Лицето обвинето за тероризам е по потекло од Бангладеш. Неговата фамилија денеска негираше дека тој е радикал и го опиша како посветен муслиман. Неколку часа пред апсењето неговото семејство зборувало со него за можната негова невеста.

„Веста ја слушнавме утрово. Сите тука плачеме“, рече 21-годишниот Арик, кој е зет на уапсениот Резванул. Тој додаде дека Надис никогаш не покажал некоја форма на радикализам кога бил во Бангладеш. Тој минатата година се преселил во САД кај некој од своите чичковци, а причината биле студиите на универзитетот во Мисури, но подоцна се преселил во Њујорк.

Нафис беше уапсен во Менхетн до зградата на Федералните резерви, откако се обидел да активира, како што мислел, вистинска бомба, но е всушност се работело за подметната играчка во добро спроведена акција, информираа американските федерални обвинители. Според нив, Нафис дошол во САД „со цел да спроведе терористички напад на американска почва“. Обвинителите веќе нашле негова писмена изјава каде тој кажува дека сака да ја уништи Америка.