1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Лицата со хендикеп на редовна настава?!

Во образованието Македонија последниве две децении најчесто експериментира. „Се‘ што е успешно во Европа , не значи дека ќе успее и кај нас“ , велат експертите. Дали и децата со посебни потреби можат на редовна настава?!

default

Лилија Стиловска 33 години работи како дефектолог во Основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Таа, за разлика од колегите, има потешка задача - им помага на децата со лесна попреченост во развојот да ги запознаат убавините на животот:

„Многу е потешка работата. За да можеш тие деца да ги научиш да седат на едно место, да го слушаат ѕвончето, да се дружат, да им се развие моториката за да можат да ги држат моливот и боичките, за подоцна да се оспособат да ги учат буквите и бројките и се‘ друго... “

Секое дете е посебна приказна

Најтешкото е, како да се допре до нивното срце и да се добие нивната доверба. Секое дете е посебна приказна, искрено вели Лилија:

„Понекогаш се спуштам и на нивно ниво за да можам да се соочам со нивните проблеми. Покрај тоа што сум наставничка, со нив да бидам и како мајка. Многу често ми велат мамо. Јас им дозволувам само за да ги придобијам.“

Во ова училиште, од крајот на 60 години од минатиот век досега, се образувале близу 300 ученци со посебни потреби. Сега учат во три комбинирани паралелки во посебни училници, но на слободните активности во дворот, на фискултура, се секогаш заедно и тоа е пример за успешна инклузија.

Локалните акциони планови ќе дадат реална слика

Во Охрид , Кумнаново и Виница, со помош на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака “ се работат локални акциони планови. Такви ќе следуваат во Радовиш и Гостивар. Во образованието се заговара инклузивноста

Deutschland Schule für Behinderte Integrative Ganztagsschule in Templin

Децата со хендикеп на редовна настава е нешто што во дел од европските градинки и училишта се практикува со децении

или внесување на лицата со интелектуална попреченост во редовната настава, вели Владо Крстовски од „Порака“:

„Државата се‘ уште не презема конкретни чекори за систематско спроведување на оваа реформа , како што е потребно. Има примери на вклучени деца со попреченост во редовни училишта, без да се обезбедат сите предуслови и да се искористат странските искуства. Треба да се исполнат и многу други услови: физичката пристапност до училиштата, адаптирање на наставните програми.“

Со проектот би требало да се помогне да се урнат предрасудите и да се охрабрат родителите кои ги држат меѓу четири ѕида децата со интелектуална попреченост, плашејќи се од реакцијата на околината, додава Крстовски:

„При вклучување на дете во редовна настава, заедно со своите другарчиња, многу голем дел од вниманието треба да се посвети на сензибилизацијата на самите деца, на нивните родители, ама и на наставниот кадар. Тие поради својата неподготвеност да работат со такво дете, често пати се и кочницата. за негово вклучување во редовниот образовен процес.“

„Искуствата од Европа не се секогаш применливи во Македонија“

Се‘ што доаѓа од Европа не може да се примени и во Македонија, смета Славица Илиќ , педагог и директор на Основното училиште „Св Климент Охридски “:

„Не сум против инклузијата. Но, сметам дека ќе им се нанаесе голема штета и на учениците со посебни потреби, но и на останатите ученици и на наставниците. Треба добро да се подготвиме и да ги вкрстиме аргументите „за“ и „против“. По проценката да навлеземе во такви проекти. “

Македонија е единствена во регионот којашто не ја ратификувала Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на Обединетите Нации. Се чини таа ќе биде најмоќниот инструмент за остварување на нивните законските права.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска