1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Литванците го сакаат еврото и покрај кризата

И покрај европската должничка криза Литванија сака да влезе во еврозоната што е можно поскоро. Во 2007-ма година Литванија за малку не успеа да ги исполни критериумите од Мастрихт и не го воведе еврото како своја валута.

default

Претпријатието „Аурекиа“ од литванскиот град Каунас произведува етикети. Речиси 70 проценти од производството се пласираат во еврозоната. Претпријатието е целосно зависно од извозот, оти во малата Литванија нема доволно купувачи.

Одговорниот за пласман за надева дека Литванија наскоро ќе го воведе еврото, што би му ја олеснило работата. „Еврото би претставувало огромна добивка за имиџот на нашата мала земја и на нашето претпријатие. Тоа создава поголема доверба кај нашите муштерии и партнери во странство“, вели Арунас Јурксас од „Аурекиа“.

Земјата од Балтикот настојува годинава да го држи буџетскиот дефицит на ниво од три проценти од бруто домашниот производ, што е важен критериум за воведување на еврото. И покрај кризата во еврозоната и турбуленциите во Грција, литванската влада сака да го воведе еврото.

Symbolbild Konjunktur Ende Rezession Aufschwung

Премиерот на Литванија Андриус Кубилиус подвлекува: „На иста позиција сме со германската влада - треба да се води политика на солидни финансии и урамнотежени буџети. Ние се обидуваме веќе годинава да ги исполниме сите мастришки критериуми за воведување на еврото. Ако успееме, тогаш сакаме колку што може побргу, веќе во 2014 година, да пристапиме кон еврозоната“.

За да го добие еврото, литванската влада две години спроведува остер курс на штедење. Ги крати пензиите, платите на државните службеници се намалени до 30 проценти. Невработените добиват државна помош само осум месеци и тоа од најмногу околу 180 евра.

„Јас сум самохрана мајка со две деца. Ова што го добивам како помош оти останав без работа е напросто смешно“, вели една Литванка.

Покачени се и даноците. Сега и на пазарите мора точно да се пресмета данокот. Задолжителни се ваги со каси за фискални сметки. Така финансиските власти на Литванија го зголемуваат приходот од данокот, а жените-продавачки се жалат.

„Одржувањето и сервисот на касиве е скапо и за нас останува се’ помалку“, вели една од нив.

Еврото не може да се добие без жртви, Литванците во меѓувреме стануваат свесни за тоа.