1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Литванија противник на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:30 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје ќе одигра пријателски натпревар со Литванија.

Овој дуел е последен контролен пред почетокот на квалификациите за Светското првенство во Бразил во 2014 година. По заминувањето на Џон Тошак од функцијата селектор, на денешниот натпревар на клупата ќе биде еден од членовите на неговиот стручен штаб Гоце Седлоски, кој како в.д. селектор ќе има деби против Литванија.

„Литванија не ја познаваме добро, но главна задача е ние да ја играме нашата игра. Сите играчи се подготвени. Оваа репрезентација има квалитет и затоа прифатив да ја предводам“, истакна Седлоски.

Со исклучок на Горан Попов, кој е ослободен од репрезентативните обврски и треба да направи трансфер во премиерлигашот Стоук, сите повикани фудбалери се подготвени за дуелот со непознатиот ривал.

„Во текот на денешниот ден ќе добиеме повеќе информации за Литавнија, но во фудбалот денеска нема слаби противници, а наша главна задача е да играме на победа и со тоа да ги продолжиме добрите резултати од пријателските дуели кои ги одигравме во Португалија (против Португалија и против Андора – двата завршија 0:0, н.з.)“, изјави репрезентативецот Никола Глигоров.