1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Листите долги, донаторите ги нема...

БиХ е на дното на листата кога станува збор за трансплантација на органи. Главно се прават т.н. роднински трансплантации, но тоа не е решение. Поради комплицирани процедури се оди на трансплантација во Индија и Пакистан.

Во Босна и Херцеговина речиси и да нема кадаверични трансплантации на органи, односно трансплантации при кои органите се земаат од донатор кој починал. Поради тоа најчесто се изведуваат т.н. роднински трансплантации, бидејќи во БиХ не е можно да се изведат трансплантации од жив донатор, кој не е во роднинска врска со пациентот.

Сведок на тоа е и Зоран Јовичиќ, кому како 14-годишник му откажале двата бубрега, по што мајка му му дала свој бубрег. Трансплантацијата е извршена во клиника во Загреб, пред 22 години. Уште во тоа време Хрватска беше лидер во регионот во извршување трансплантации.

Organspende Bosnien

Зоран Јовичиќ доби бубрег од својата мајка

„Кој е во можност, треба да ги подари своите органи, а не да одат без врска во земја. Секој има свое мислење и свој став, но јас да сум здрав и јас би го направил тоа. Бидејќи, сепак, спасуваш нечиј живот. Ако веќе од твојот нема ништо, зошто да не му го продолжиш животот на некој друг“, прашува Јовичиќ.

Само 13 кадаверични трансплантации

Клиничкиот центар во Тузла денес е лидер во БиХ во трансплантациите од живи донатори, но тоа не е решение, вели Емил Хоџиќ, шефот на одделот за трансплантација. До сега се направени 13 кадаверични трансплантации на бубрези, што не е доволно. Законот неодамна ја прошири можноста за роднинска трансплантација.

„Сега може да донира и едно колено повеќе – тетки, вујковци... Работиме и на трансплантации меѓу брачни партнери, каде правно е докажано дека постои желба од едниот од партнерите да му даде бубрег на другиот“, вели доктор Хоџиќ.

Луѓето од БиХ секојдневно се одлучуваат на радикални чекори, меѓу кои има и купување бубрег или извршување на трансплантација во други земји, како што се Индија и Пакистан. Докторите велат дека тоа се врши во несоодветни услови, но дека го разбираат очајот поради кој луѓето посегнуваат по овие мерки.

„Има и добри, но има и катастрофални трансплантации. Неодамна некое момче се враќало од трансплантација во Пакистан и починало во авион. Јас ги разбирам тие луѓе, бидејќи тоа го прават од очај, но тоа за мене има и криминална компонента“, забележува доктор Емил Хоџиќ.

Да се развие свест за донаторство

Organspende Organ Transplantation

Поради системот кој не е либерален, луѓето од Босна и Херцеговина секојдневно се одлучуваат за радикални чекори, меѓу кои и купување бубрег и оперирање во странство

Во Република Српска до сега се извршени шест трансплантации на бубрези од живи донатори. Донаторската мрежа, за разлика од федерацијата БиХ, не постои во Република Српска. Халима Ресиќ, координатор на Донаторската мрежа на кантонот Сараево и шеф на центарот за хемодијализа при Клиничкиот центар во Сараево, вели дека е потребно да се работи на подигнување на колективната свест на граѓаните за ова прашање. Таа вели дека причината зошто нема кадаверични трансплантации е одбивањето на семејството.

„Ние утврдуваме мозочна смрт, но често фамилиите или не се доволно информирани или, пак, не знаат. Многу често се појавуваат огласи за продажба на органи, така што постои доза на сомнеж меѓу граѓаните“, заклучува докторката Ресиќ.

Бубрег за храна

Мартин Слишковиќ се одлучи на таков чин. Тој објави оглас за продажба на свој бубрег за околу 40.000 евра, бидејќи не може да го прехрани семејството. Понуди добил од БиХ, Австрија и Белгија.

„Со нив лесно би се договорил. Не морам тоа да го правам во БиХ. Знам дека е кривично дело, но што не направат нешто за луѓето да не се мачат гладни? Јас веќе три години не знам како да преживеам“, вели Слишковиќ.

Еден од светлите примери кој треба да ги поттикне сите на размислување е хуманоста на семејството Видовиќ, кое ги донираше органите на 26-годишниот син кој загина во сообраќајна несреќа. Благодарение на тоа се спасени пет животи во Република Српска и во Федерацијата, а нивниот син, како што тогаш рекоа, продолжил да живее преку другите луѓе.