1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лионел Меси ја овои „Златната топка“

Аргентинецот Лионел Меси ја освои наградата на ФИФА за 2012 година за најдобар фудбалер и стана првиот во историјата кој четири години последователно ја освојува наградата за најдобар фудбалер за изминатата година.

Лионел Меси последните две години ја освои наградата на ФИФА , „Златна топка“ којашто од 2010 година заеднички ја доделуваат Меѓународната фудбалска федерација и францускиот весник „Франс фудбол“, додека во 2009 година беше победник и во изборот на ФИФА и во изборот на францускиот весник. Годинава победи во конкуренција на клупскиот соиграч од Барселона, Андрес Иниеста и на португалскиот ас од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Меси во изминатата календарска 2012 година за Барселона и за аргентинската селекција постигна 91 гол соборувајќи го со децении ненадминатиот рекорд на славниот центарфор на минхенски Бајерн и германската репрезентација, Герхард Милер кој во 1972 година постигна 85 голови. Инаку, единствениот трофеј во 2012 година за Меси е со Барселона во Купот на кралот.

Откако ФИФА и „Франс фудбол“ заедно ја доделуваат наградата, Меси е единствениот добитник. Наградата на ФИФА за најдобар фудбалер трипати ја освојуваа Французинот Зинедин Зидан и Бразилецот Роналдо, додека трофејот „Ballon d'Or“ (Златната топка) на францускиот магазин трипати го освојува Холанѓаните Јохан Кројф и Марко ван Бастен, како и Французинот Мишел Платини.

„Да бидам искрен, тоа е навистина неверојатно. Четвртата награда е премногу за какви и да се зборови. Би сакал да се заблагодарам на моите соиграчи од Барселона. Андрес Иниеста, прекрасно е да се тренира и игра заедно со тебе, јас исто така би сакал да го кажам ова и за сите мои другари во аргентинскиот национален тим. Благодарение на секој кој работел со мене, тренери и персонал, моето семејство, на моите пријатели, мојата сопруга и син ми“, изјави Меси, цитиран од интернет страницата на ФИФА.

Во женска конкуренција, најдобра фудбалерка за 2012 година е прогласена 33-годишната Американка Еби Вамбах. Таа минатата година со селекцијата на САД ја освои титулата на Олимписките игри во Лондон, на турнирот на кој постигна пет голови. Воедно таа е и првата Американка со титулата најдобра фудбалерка во светот за изминатата година од 2002 година, откако се доделува ова признание кое прва го понесе Миа Хам.