1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Линколн“ со најмногу номинации за Оскар

Филмот на Стивен Спилберг „Линколн“ е фаворит во трката за Оскарите. Тој има дури 12 номинации. Но, добри шанси има и „Љубов“ на Михаел Ханеке.

Историската драма „Линколн“ (фото: сцена од филмот) влегува во годинашната трка за Оскарите како фаворит. Филмот на Стивен Спилберг денеска (10.01) е номиниран дванаесет пати за најважната филмска награда во светот. „Линколн“ ги опишува решавачките месеци пред 150 години, кои среде граѓанска војна доведоа до ослободување на робовите во САД. Даниел Деј-Луис кој го глуми 16-от американски претседател, добива големи пофалби за завршената работа, а сега може да биде награден и со Оскар. „Линколн“ е номиниран и за најдобар филм и најдобра режија, како и во уште девет други категории.

Само една номинација помалку, единаесет, има филмот „Животот на Пи“ на Анг Ли. Дел од фаворитите за Оскар годинава е и филмот „Љубов“ на Михаел Ханеке. Австриско-француско-германската копродукција е номинирана во пет главни категории, меѓу кои и за најдобар филм.