1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Линијата на Хамас

Земјотресната победа на радикално исламистичката организација Хамас на парламентарните избори во палестинските подрачја изненади многумина. Во првите реакции западните земји искажаа загриженост за судбината на мировниот процес на Блискиот исток.

Славје на приврзениците на Хамас

Славје на приврзениците на Хамас

Израелската влада веќе соопшти дека нема да преговара со терористи чија цел е да го уништат Израел. Главното пршање во наредните недели ќе биде: како ќе се развива Хамас и ќе биде ли можно со него да се води дијалог? Првото позиционирање можеше да се слушне уште вчеравечер:

Новиот палестински премиер би можел да се вика Исмаил Ханијех. Харизматичниот врвен кандидат на Хамас во Газа беше одушевено поздравен од неговите приврзеници. Откако и официјално беа познати резултатите, Ханијех синоќа одржа прес-конференција на која повика на национално помирување меѓу палестинските политички табори:

„Воопшто не размислуваме да бараме оставка од Махмут Абас. Односите меѓу нас, меѓу движењето Хамас и претседателот Абас се одвиваат со обостран респект, иако меѓу нас постојат големи политички разлики во мислењата како да се спроведат во стварноста палестинските права. Меѓутоа нема никакви спорови со претседателот. Во последните десет години научивме дека треба да се соработува и со сите политички партии да се одржуваат добри односи„.

Ханијех најави продолжување на отпорот против израелската окупација:

„Хамас денеска е влада и сега ние мораме да носиме решенија. Палестинскиот народ има право на отпор. Хамас токму врз таа основа сакаше да влезе во парламентот за да го брани политичкото право на Палестинците на отпор. Не е никаков парадокс што Хамас ги сака обете: отпорот и соработката во парламентот. Ние ќе го поддржуваме отпорот толку долго додека палестинскиот народ не ги оствари своите права„.

И палестинскиот претседател Абас синоќа се појави пред новинарите. По средбата со преставниците на сите партии што учествуваа на изборите, Абас изјави дека има намера да го продолжи мировниот процес со Израел. Високи политичари на Фатах меѓутоа, го одбија повикот на Хамас да учествуваат во новата влада.