1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ликвидирани четворица руски дипломати во Ирак

Една терористичка група во Ирак најверојатно ја остварила заканата и ги погубила четворицата руски диплмати, киднапирани на 3. јуни.

Насловната страна на едно интернет списание на Ал Каеда во Ирак

Насловната страна на едно интернет списание на Ал Каеда во Ирак

Во соопштенито објавено на интернет се вели дека тоа е „одмазда за измачувањето, убивањето и протерувањето на нашите браќа и сестри од страна на неверничката руска влада„. Грабнувачите во 48-часовниот ултиматум до владата во Москва бараа потполно повлекување на руските претставници од Чеченија и пуштање на слобода на сите затвореници со муслиманско потекло. На интернет страната што го носи логото на Ал Каеда објавена е и видео снимка со егзекуцијата на четворицата руски дипломати. Одговорноста ја презема Советот на муџахедините, здружение на седум групи блиски до Ал Каеда.

Ирачкиот министер за нафта, Хусеин Шахристани во интервју за американската ТВ мрежа СиЕнЕн изрази жалење поради злосторничкиот чин и додаде:

„Русите беа овде за да работат на електричните централи, тие работеа и на нафтените полиња и му помагаа на ирачкото министерство за нафта. Овој напад врз руските дипломати е извор на голема тага за ирачкиот народ!„