1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Лидер значи да се служи и води

Под наслов “Одговорно лидерство“ во Скопје се одржа форум во чест на загинатотпретседател Борис Трајковски, што го организираше Меѓународната фондација која го носи неговото име. На форумот учествуваа лидерот од Балканот.

Форум “Одговорно лидерство“

Форум “Одговорно лидерство“

Македонскиот премиер, Никола Груевски, рече дека политичките лидери имаат обврска на граѓаните кои ги избрале да им обезбедат мир, толеранција и меѓусебно почитување. “Одговорното лидерство е база за прогресот и стабилноста на секоја држава и општество“, рече Груевски и потсети на една од девизите на претседателот Борис Трајковски, дека дијалогот е единствениот достоен начин на комуникација меѓу луѓето.

Албанскиот претседател, Алфред Мојсиу, оцени дека сегашните лидери ги почитуваат разликите, за разлика од националистичките политичари, кои не многу одамна креираа насилство. “Балканот излезе од кругот на минатото и се отвори кон Европа благодарејќи на Борис Трајковски, Зоран Џинџиќ и Ибрахим Ругова“, рече Мојсиу во своето видување за тоа како треба да се однесуваат одговорните политичари. Тој додаде: “ Треба да се користи секоја прилика која ја имаме, да се градат мостови на комуникација, мирна коегзистенција и почитување на вредностите, идентитетот, верата и ставовите на сите.“

Поранешниот бугарски претседател, Петар Стојанов, рече дека со загинувањето на Трајковски Европа загубила посветен политичар, а тој лично голем пријател. Стојанов цитираше изјава на Трајковски во својот говор за модерните, одговорни, про-европски ориентирани политичари. “Јас сум пред се слуга, а потоа лидер, одговорен за водење. Потребна е сила и мудрост да се направи она што е вистинско, без оглед на тоа дали истото е популарно.“

Само оние што знаат да служат се лидери, а вистински лидери се политичарите со јасна визија, рече македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски. Тој го смести Трајковски меѓу лидерите кои не владееле, туку воделе. На маргините на денешниот форум се одржаа повеќе билатерлани средби на лидерите од регионот.