1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Лидерскaта средба без решение околу изборот на идниот претседател на државата

Следниот четврток ќе се одржи нова лидерска средба во Скопје. На денешната претседателите на четирите најголеми паритии изразија резерви кон владиниот предлог за намалување на цензусот за избор на идниот претседател.

default

Македонскиот премиер Никола Груевски

Премиерот и лидер на владеачката ВМРО-ДМПНЕ, Никола Груевски, изјави дека на денешната средба биле отворени прашањата за уставните измени и измените на Изборниот законик, при што биле изнесени првичните мислења на партиите. Груевски по средбата нагласи дека треба да се побрза со донесувањето на Изборниот законик, бидејќи тоа е една од осумте основни точки т.н. „бенчмарк“ што ЕУ и’ ги зададе на Македонија како задача, доколку сака да добие термин за почеток на преговорите. Според Груевски тука спаѓаат и измените на Уставот, бидејќи изборите за нов претседател на Македонија треба да се одржат веќе во март наредната година. Потребата од укинување на цензусот од 50% Премиерот го појасни со фактот што тој бил причина за многу неправилности на досегашните избори, факт што бил нотиран и од ОБСЕ во извештајот за Претседателските избори во 2004.

Законот за амнестија не бил тема на разговори

Ali Ahmeti, Mazedonien

Лидерот на помалиот коалиционен партнер ДУИ, Али Ахмети

Лидерите на четирите партии ги одбегнаа коментарите за внатре- владиниот судир околу Законот за амнестија, поврзани со прашањето дали со него се опфатени сите случаи на воени злодела од припадниците на поранешна ОНА.

Во парламентот за вечерва е одложена седницата на Комисијата за имунитетски прашања, на која треба да се реши дали ќе му се одземе мандатот на пратеникот на ДУИ Хисеин Џемаили, осомничен за учество во случајот „Мавровски работници“ од 2001. Вториот пратеник на ДУИ, за кого требаше да расправа Комисијата, Талат Џафери, во меѓувреме вети дека ќе излезе на суд и нема да се повикува на пратеничкиот имунитет. И Џафери и Џемаили се членови на Комисијата.

Опозиционата ДПА, пак, поднесе инцијатива за собраниско толкување на примената на Законот за амнестија.

DW.COM