1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Лидерска средба за предлогот на Нимиц

Македонскиот политички врв во Скопје беше запознат со предлогот на медијаторот Нимиц за решавање на грчко - македонскиот спор за името. Решение не е донесено, закажана е нова лидерска средба за во недела.

default

Лидерска средба во Скопје

„Очекуваме во текот на викендот, најверојатно во недела да имаме уште еден состатнок во овој формат и да го имаме нашиот заеднички, политички и национален консензус во однос на ова важно прашање за Република Македонија.“ оваа дипломатска изјава на министерот за недворешни работи Антонио Милошоски следуваше по четиричасовната средба на претседателот на државата со лидерите на поголемите парламентрни партии. Лидерското соочување почна со недоверба. Шеќеринска го обвини Груевски дека игра двојна игра, а челникот на ДУИ, Ахмети писмено побара учество на Албанците во преговорите за името. Вчера (21.02.2008) попладне се сретна и Синодот на МПЦ, кој ги разгледувал најновите прдлози на медијаторот Нимиц.Најсериозно да се има во предвид зачувувањето на македонскиот национален идентитет и интегритет, соопштија владиците. Лидерите на полтичките партии ќе заседаваат повторно во недела.

DW.COM