1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лидерот на Хамас порача дека никогаш нема да го признае Израел

Стотици илјади луѓе денеска во Појасот Газа ја прославија 25-годишнината од формирањето на радикалното исламско движење Хамас, кое раководи со оваа палестинска автономна област.

Во Појасот Газа денеска се одбележува 25 години од формирањето на движењето Хамас. На улиците и плоштадите се вејат палестински знамиња и знамето на Хамас.

На плоштадот Ел-Кетибе, местото на централната прослава пред стотиците илјади Палестинци, се обрати претседателот на политичкото крило на Хамас, Халид Мешал, кој по 45 години вчера се врати во Појасот Газа.

Тој притоа порача дека никогаш нема да го признае Израел и оти Хамас никогаш нема да се откаже од своите стремежи за целокупната израелска територија.

„Палестина е наша, од реката Јордан до Средоземното Mоре, од север до југ. Нема да има отстапување ниту за сантиметар од теротиријата“, изјави Мешал. „Ние никогаш нема да ја признаеме легитимноста на израелската окупација и затоа нема да има легитимност за Израел, без оглед колку долго ќе трае тоа“.

Palästinenser Hamas Chef Chaled Maschaal mit Ismail Hanija in Gaza

Халед Мешал (лево) во Појасот Газа

Во бескомпромисниот говор Мешал порача дека ќе ги ослободи палестинските затвореници во Израел, навестувајќи дека исламските милитанти ќе се обидат да киднапираат израелски војници и да ги искористат за размена за палестинските затвореници.

Хамас е формиран во 1987 година од Муслиманско братство. Хамас станува се’ популарно и во другите делови од Блискиот Исток поради отворената и вооружена борба против израелската окупација. Во поновата историја дејствува како политичка партија на целата палестинска територија.

Во јануари 2006 година Хамас на парламентарните избори го победи Фатах. Хамас ја презема контролата над Појасот Газа додека Фатах ја има контролата над Западниот Брег.