1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Лидерот на Златна зора обвинет од судот во Атина

Никос Михалолијакос, лидерот на неонацистичката партија Златна зора, е ставен во притвор рано утрово, по долгото сведочење пред судот во Атина. Тој е „обвинет за водење на криминална организација“.

Михалолиакос останува во притвор до почетокот на судскиот процес. Доцна синоќа Николаос Михалолиакос (на насловната фотографија) беше изнесен пред истражен судија и обвинител, за да ги слушне обвиненијата за основање и учество во криминална организација. Тој ги отфрли обвиненијата по шестчасовната расправа. По завршување на судското рочиште Михалолиакос е пренесен во строго чуван затвор.

Лидерот на Златна зора беше уапсен во саботата заедно со други членови на партијата, за која се тврди дека е неонацистичка криминална група. Тој е првиот лидер на грчка партија кому му се суди во последниве три децении. Денот на судењето се’ уште не е објавен.

Goldene Morgenröte Ünterstützer Demos in Athen 02.10.2013

Симпатизерите на Златна зора протестираа пред судот

Заменик-претседателот на партијата Христос Папас треба подоцна во текот на денов да се најде пред судот, поради истите обвиненија. Вчера четворица пратеници на Златна зора беа обвинети за учество во криминална група.

Ова се оценува како потег на грчките власти за растурање на Златна зора, која има 18 пратеници во 300-члениот грчки парламент, по убиството на антифашистички музичар на 18 септември.

Пред судот се собра група од 100 поддржувачи на Златна зора, кои носеа грчки знамиња и извикуваа: „Крв, чест, Златна зора“, во моментите кога нивниот лидер пристигна во судот. Тие му аплаудираа на 56-годишниот математичар и поранешен ученик на грчкиот диктатор Јоргос Пападопулус. Обвинетите членови на Златна зора се соочуваат со затворски казни до 10 години.