1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Лидерите постигнаа мал напредок

Постигнат е извесен напредок во врска со барањата на опозицијата за одржување на предвремени парламентарни избори, оценија по средбата кај претседателот Иванов лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Нова Демократија.

default

Лидерската средба треба да продолжи во вторник

Лидерската средба кај претседателот Ѓорге Иванов навестува минимум шасни за компромис околу условите за фер и демократски избори. Конечни решенија се‘ уште не се наѕираат, а се‘ поизвесно е дека нивното одржување, од ден на ден, се пролонгира кон средината, или крајот на јуни. Дијалогот меѓу Груевски и Ахмети од власта, наспроти Црвенковски и Селмани од опозицијата, ќе продолжи и во вторник (22.03), по барање на „првиот социјалдемократ“ Црвенковски. Сега условувањата се взаемни - досега бојкот на изборите, ако не се прифатат 4-те глобални барања на СДСМ, отсега - ВМРО-ДПМНЕ би се согласил, само за две од нив, доколку опозицијата даде гаранции дека ќе учествува на вонредните избори.

Во раните утрински часови (21.03) партиските челници се разотидоа. Црвенковски беше задоволен што изборните

Mazedonischer President Branko Crvenkovski und Premierminister Nikola Gruevski Treffen in Skopje

Никола Груевски и Бранко Црвенковски со взаемни условувања

списоци ќе се проверуваат 30-тина денови и што избирачките одбори би имале четворица партиски преставници и претседател од јавната администрација.

„Не се прифатени предлозите за деблокирање на сметките на ТВ А1 и рамномерно распоредување на финансиските средства од владините кампањи, така што бојкот на парлементото продолжува, а и бојкотот на изборите“, потврди Црвековски. Како компромис тој понудил да се замрзне идејата за 10-те пратенички мандати за етничките заедници.

Премиерот Груевски резистентен кон овие две иницијативи од опозицијата:

„За да го одземеме и последното алиби на Црвенковски за бојкот на изборите се согласивме со зголемено учество на партиските претставници во одборите на местото на гласање, како и проверката на избирачките списоци да трае еден месец. Но, овие предлози, кон што имаме резерви, нема да стапат во сила ако продолжи опструкцијата од СДСМ“, изјави Груевски.

Позитивната клима не е гаранција за постигнување компромис

Во албанскиот политички кампус челникот на ДУИ е задоволен од атмосферата за дијалог и компромис, иако, како што рече Али Ахмети, „никој не може да гарантира дека позитивната клима од синоќешната средба ќе

Ali Ahmeti Vorsitzender der BDI Partie DUI

Али Ахмети е задоволен од атмосферата, но...

резултира со конечен компромис и консензус во донесувањео на изборните правила“. За неговата ДУИ намалувањето на гласачите во изборната единица 6, иако ќе значи зголемување на бројот на пратеничките мандати за Албанците, за најмалку две места повеќе во парламентот, тоа сепак ќе биде на штета на неговата партија, која сега има поголемо влијание токму во тетовско-гостиварската зона. Некои аналитичари велат дека појавата на избори на гостиварскиот градоначалник Руфи Османи ќе значи нагризување на влијанието на ДУИ и ДПА.

„Направивме прогрес и во делот на тоа што значи да не се злоупотребуваат парите од страна на владата во предизборни цели од денот на распуштањето на парламентиот, но има уште многу работи околу гласањето на дијаспората, околу законот за медиумите...“ , изјави Имер Селмани од Нова демократија.

Форматот на средбите останува?

Синоќа никој немаше одговор на неформалното прашање од ДВ зошто на разговорите го нема Мендух Тачи и неговата ДПА. Така лидерскиот формат „два плус два“ останува и за наредните средби кај шефот на државата. Оптимистите не веруваат во брз, ефикасен и позитивен исход неделава, што би ја зајакнало позицијата на Премиерот во реферирањето во Брисел, во четврток (24.03), околу модалитетите за надминување на политичката криза. Во ЕУ се очекуваат разговорите Груевски-Филе, токму околу изборите и политичката разврска пред нив.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM